Патријархoт Неофит за МПЦ-ОА: Имаме консензус за прашањата на иднината

21.01.2018 | 13:02
Прочитано: 1512

Имаме консензус за главните прашања на претстоечкото единство. Ова за БГНЕС го изјави патријархот Неофит одговарајќи на прашањето што може да се очекува во блиска иднина во однос на приближувањето меѓу Бугарската православна црква и Македонската православна црква-Охридска архиепископија.

„Претстојат интензивни средби и разговори. Се обидуваме да се ислушаме со внимание, да го одржиме добриот тон, да се сретнеме со архиереите и со луѓето од кои зависи придвижувањето на ова прашање. Фала му на Бога дека имаме консензус за главните прашања на претстоечкото единство", истакна бугарскиот патријарх.

Патријархот Неофит на 7 јануари се сретна со вселенскиот патријарх Вартоломеј, со кој отслужија литургија во обновениот храм „Свети Стефан" во Истанбул. Потоа, двајцата духовни водачи имаа разговори, на кои се отвори и темата за автокефалноста на МПЦ-ОА.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.