Палестинците го отповикаа својот претставник во Вашингтон

16.05.2018 | 09:20
Прочитано: 554

 

Палестинскиот претседател Махмуд Абас синоќа го отповика палестинскиот претставник во Вашингтон, како реакција на преместувањето на американската амбасада во Израел од Тел Авив во Ерусалим.

Како што соопшти главниот палестински преговарач, претставникот на палестинската ослободителна организација во Вашингтон, Хусам Зомлот веќе ги напуштил САД. Информацијата ја потврди и министерството за надворешни работи на палестинската автономна управа, кое нагласи дека причина за ваквиот потег е преселувањето на амбасадата на САД во Ерусалим.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.