Отворен нов кабинет за клиничка исхрана на клиниката за гастро

12.07.2018 | 17:20
Прочитано: 618

Препораки за исхраната според заболувањето, а со цел побрзо оздравување ќе добиваат пациентите во кабинетот за клиничка исхрана, кој денеска е отворен на универзитетската клиника за гастроентерохепатологија.

Клиниката со средства од фондот за здравствено осигурување набави и нови ендоскопски капсули преку кои ќе се следат заболувањата на тенкото црево, што е многу значајно особено во делот на рано откривање на повеќе болести и превенција.

Според директорката на клиниката со нив ќе се олесни дијагностицирањето на многу болести кои ќе се откриваат во рана фаза кога можат дури и целосно да се излекуваат.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.