Отворен најдолгиот стаклен мост во светот

28.12.2017 | 12:29
Прочитано: 6316

На височина од 230 метри во Кина е отворен најдолгиот стаклен мост на светот.  Првите кои стапнале над кинеската провинција Хебеи се укочиле од страв – мостот е дизајниран постојано да се лула. Некој пак уживале – прошетката по стаклениот мост за нив претставувала единствено доживување.

„Стигнавме до средината на мостот.  Прозирно е, кога ќе погледнете надолу сфаќате дека стоите повеќе од 200 метри над земјата. За мене е пресреќен момент“, вели посетител.

Мостот има капацитет за околу 2 000 луѓе. Стаклениот мост е долг 500 метри и се смета за најдолг стаклен мост во светот односно е за 50 метри подолг од мостот кој го држеше рекордот на најдолг стаклен мост. 

Мостот кој е изграден од 10 77  стаклени панели  има 3,5 тони поголем товарен капацитет од стандардните мостови во земјата, а исто така може да издржи и земјотрес од 6 степени според Рихтеровата скала.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.