Откриена петчлена разбојничка група од Скопје

14.02.2018 | 11:16
Прочитано: 1608

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единицата за имотни деликти и малолетничка деликвенција, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Ф.Д. (19), С.Н. (18), А.М. (17), С.К. (18) и М.Џ. (18), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека во текот на јануари и февруари 2018 година извршиле седум кривични дела „разбојништво“.

Првите две се случиле на 20.01.2018 година околу 20.30 часот во продавница на ул. „Козле-1“ во Скопје каде што со закана со безбол палка и нож од вработените го одзеле дневниот промет од околу 16.500 денари, а втората во маркет на ул. „Рузвелтова“ во Скопје каде со закана со безбол палка одзеле околу 30.000 денари и 30 кутии цигари.

На 29.01.2018 година околу 21.55 часот во самопослуга на ул. „1“ во Ново Село, скопско, пријавените на идентичен начин од вработената го одзеле дневниот промет од околу 11.000 денари. Потоа, на 30.01.2018 година околу 20.45 часот во продавница во с.Радишани, скопско, со закана со безбол палка од вработената го одзеле дневниот промет од околу 26.000 денари. На 03.02.2018 година околу 19.30 часот во мини маркет во с.Визбегово, скопско, со закана со безбол палка и нож од вработената го одзеле дневниот промет од околу 30.000 денари и неколку кутии со цигари, а пет дена подоцна односно на 08.02. околу 20.30 часот извршиле разбоjништво во продавница на ул. „Борис Сарафов“ од каде што го одзеле дневниот промет во висина од 20.000 денари. На 10.02.2018 година околу 18.30 часот во продавница во Радишани, скопско, пријавените со закана со пиштол од вработената го одзеле дневниот промет од околу 20.000 денари.

На 11.02.2018 година во 16.30 часот биле извршени претреси во домовите на Ф.Д., С.Н., А.М. и М.Џ. При претресите, кај првите тројца биле пронајдени предмети од интерес на истрагата. Потоа, пријавените биле приведени и задржани во Полициската станица Карпош, каде што во службен разговор ги признале делата.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.