Отчет за првите сто дена на градоначалникот на Штип

12.02.2018 | 17:41
Прочитано: 836

Штипскиот градоначалник Благој Бочварски денеска даде отчет за сработеното во првите 100 дена. Подготовка или асфалт за неколку улици, реконструкција на тротоари и намалување на цената на водата за 5 %. Најави и старт на два капитални проекти- гасификација и изградба на брана на река Отиња. За вториот веќе се обезбедени 10 милиони денари од Министерството за земјоделство за ревидирање на постојниот проект.

„Браната ќе го заштити градот од поплави и ќе ја намали летната температира.“ - вели Благој Бочварски, градоначалник на Штип.

Бочварски најави дека во завршна фаза е и формирањето на Управен одбор за Солидарениот фонд, чија цел е да се  обезбедат пари за лекување во странство. Во него ќе има претставници од медиумите, НВО секторот и бизнис зедницата. А заинтерсираните граѓани и компании можат на сопствена иницијатива да уплаќаат средства во него.

„Ќе биде строго контролиран и ќе има повеќе чинители во управниот одбор и заеднички ќе се носат одлуки каде да се трошат сретствата.“ - вели Бочварски.

Освен со укинувањето на платениот паркинг во неколку населби штипскиот градоначалник се пофали и со заштеда во работењето на јавните претпријатија и општинската администрација. Само ЈП Исар за овој период успеал да заштеди околу 1, 5 милион денари на име на плати, гориво и потрошен материјал.


Виолета Кожинкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.