Освен Беса на Африм Гаши и ДПА на Мендух Тачи во владата влегува и Амди Бајрам

15.05.2018 | 19:06
Прочитано: 7521

Африм Гаши и Мендух Тачи и Амбди Бајрам му подадоа рака на Зоран Заев ќе станат дел владината маса. Од министерството за култура си заминува Роберт Алаѓозоски, а ќе седне човек на Гаши.

Тачи ја добива испразнетата фотелја  на Рамиз Мерко во безресорното министретство за привлекување странски инвестиции, екс пратеникот на оваа партијата Бардуљ Даути ќе стане  министер. Мусафик Беќири ќе биде заменик на Горан Сугарески во транспорт и врски.

За останатите места ќе разговараат работни групи. Дел од колачот на власта ќе оди и за доскорешниот коалициски партнер на Никола Груевски и остар противник на Заев, Амди Бајрам - Бајрам ќе добие директорски фотелји.

Како Заев ќе верува на новите коалициски партнери и по се што јавно си кажаа на политичката сцена, по сите навреди од Бајрам, но и по признавањето на Тачи дека до гроб ќе му буде верен на Мијалоков во една од т.н бомби кој самите тој ја пушташе,а и откако му ги литаше авно смс пораките во 2013 година,  премиерот вели довербата е релативна работа и дека вои владата нема да седне лицето Тачи..

„Довербата е релативна работа. се преговара за политичка програма за главните цели, за принципи и за личности кои се важни. Тачи нема да биде член на владата“ - изјави Заев.

Од Тетово пак, Тачи порача дека ДПА и досега бил конструктиван опозиција, особено била конструктивна за евроинтеграцискиот процес и реформските закони. Лидерот на ДПА вели, понудата е конкретна и коректна.

„Имаме коректна понуда од страна на премиерот, политичка и кадровска. ДПА да биде дел од владата.“ - изјави Мендух Тачи, ДПА.

Партиските органи на скопското крило на Беса пак вечерва формално ќе треба да дадат поддршка на она што веќе на синоќешниот состанок го прецизирале Гаши и Заев.
Од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, во власта ќе премине и партијата на Турците.Заев дополнително треба да ги прецизира и сопствените редови, но и најклучното минситесткото место за обарзование, кое најверојатно ќе премие во рацете на ДУИ, додека пак СДСМ ќе остане правда.  Но за тоа да биде дефинитивно ќе треба да си податат рака Заев и Ахемти.

Премиерот рекомпонирањето на владиниот тим го најавува веќе неколку месеци, денеска вели до крајот на оваа недела новиот предлог ќе стигне до пратениците.


Душица Мрѓа
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.