Осум милиони евра на располагање на општините за инфраструктурни проекти

14.09.2018 | 11:20
Прочитано: 1948

 

Општините од денеска ќе можат да аплицираат со нови капитални проекти за осум милиони евра средства преку проектот за подобрување на општинските услуги. Министерството за финансии објави јавен повик за доделување нова транша од проектот кој го спроведува со поддршка на Светската Банка.

 

Со овие осум милиони евра, соопшти денеска Министерството за финансии, општините ќе можат да финансираат проекти како изградба и реконструкција на системи за водоснабдување, канализација, локална патна инфраструктура, индустриски зони и слични проекти. Преку проектот за подобрување на општинските услуги, се подвлекува, се настојува прво граѓаните да добијат подобри општински услуги и второ да се развие локалната економија.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.