Осум дена притвор за градоначалникот на Ново Село

12.07.2018 | 09:13
Прочитано: 2155

Судија во претходна постапка во Основиот суд во Струмица му одреди мерка осумдневен притвор на градначалникот на Ново Село, Боро Стојчев.

Истата мерка им е одредена и на останатите три лица, а на едно лице му е одземена патната исправа и треба еднаш неделно да се јавува во Судот во Струмица.

Градоначалникот на Ново Село и останатите осомничени за шверц на цигари мерката притвор ќе ја издржуваат во затворот во Прилеп.

Завчера околу 19 часот во близина на див премин на границата меѓу Македонија и Бугарија, во близина на селото Бадилен, полицијата ги приведе петмината во обид за шверц на околу 3.300 штеки цигари цигари во вредност од 3.245.589 денари.

Основното јавно обвинителство во Струмица ги товари за сторено кривично дело Криумчарење, за кое е предвидедена казна затвор од шест месеци до 5 години.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.