Осудени демонстрантите што голи заклаа јагне пред Аушвиц

18.01.2018 | 13:06
Прочитано: 1820

Дванаесет луѓе кои се соблекоа голи пред поранешниот нацистички логор на смртта во Аушвиц и притоа заклаа јагне во знак на протест во вид на перформанс беа осудени за сквернавење на местото.

Судот во Освајцим во Полска осуди двајца членови на групата, кои биле организатори на протестот, на повеќе од една година затвор, а другите се казнети само со парична казна.
Инцидентот се случи во март минатата година пред главната порта на логорот, каде што стои озлогласениот натпис  „Работата ослободува“.

Покрај тоа што се соблекле голи и убиле овца, демонстрантите фрлале и петарди и со синџири се врзале за вратата за логорот. Освен тоа, на вратата закачиле и бел транспарент со порака „љубов“, кој го прекрил оригиналниот натпис, конкретно зборот „работа“, и натписот добил ново значење – „љубовта ослободува“.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.