Осомничениот за убиството на новинарката Маринова ќе биде екстрадиран во Бугарија

12.10.2018 | 10:46
Прочитано: 3243

Човекот осомничен за убиството на бугарската новинарка Викторија Маринова наскоро ќе биде префрлен во Бугарија, соопшти Обвинителството во германскиот град Целе.

Според Обвинителството, тој ќе биде екстрадиран за десет дена.

- Дваесетгодишното момче призна дека под дејство на алкохол и дрога „ја удрил жртвата“ и ја „фрлил во грмушка“. Тој исто така тврди дека не „сакал да ја убие жртвата и негира дека ја силувал“ - наведува Обвинителството.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.