Османи: Преговорите со ЕУ имплицираат длабока трансформација на општеството

21.06.2018 | 11:08
Прочитано: 1053

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денска во просториите на Секретаријатот за европски прашања се сретна со вишиот заменик- генерален директор на одделот за Блискиот Исток и Европа во рамките на Јапонската агенција за меѓународна соработка, Чи Миуахара.

Од Кабинетот на вицепремиерот информираа дека Миуахара го информирала Османи за приоритетните области на соработка во рамките на новата јапонска иницијатива за соработка во земјите од Западен Балкан.

- Имаме успешна билатерална соработка веќе 20 години, која има покажано конкретни и одржливи резултати, преку која се имплементирани значајни проекти во Република Македонија и од која пред сè имаат корист граѓаните - истанал Османи.

Посочил дека Јапонија се покажала како вистински пријател на Македонија, кога во 2016 година, за време на кризата со поплавите, обезбедила ургентна помош од над 100.000 евра за надминување на последиците од поплавите. Укажал и на значајноста на помошта која јапонската Влада ја обезбедила за земјава за справување со мигрантската криза.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.