Османи: Откажувањето на моето учеството во Бања Лука е согласно интересите на државата

24.02.2018 | 14:12
Прочитано: 5449

Мојата одлука е согласно интересите на државата, а интересите на државата се во рамки на Стратегијата на ЕУ, и присуството би значело оштетување на интересите на државата, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи прашан за одлуката да не учествува на конференцијата за Западен Балкан во Бања Лука. 

- Одлуката не ја донесов како Албанец, туку како европеец, којшто верува во европската иднина на регионот. Стратегијата на ЕУ за регионот предвидува перспектива на сите шест земји од регионот за членство во ЕУ и еден од предусловите за да може овој регион да стане дел од ЕУ, е помирувањето. И било каква иницијатива со која не се дава придонес кон помирувањето, туку напротив се исклучува една од државите, е спротивна на идејата на самата Стратегија, изјави Османи.

Посочи дека и да не била повикана некоја друга држава, немало да учествува на таа конференција, бидејќи, како што рече, не е во духот на соработката и регионалното помирување. - Сметам дека таа одлука е во рамки на интерсите на државата, додаде Османи.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.