Орбан: Во 2015 година немавме бегалски бран, туку инвазија

09.01.2018 | 11:09
Прочитано: 1013

Унгарскиот народ не сака мигранти и владата не може да ја отфрли волјата на народот за едно толку важно прашање, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во изјава за германските медиуми.

Според него, во политичка смисла, миграциското прашање е проблем на Европската унија, а во социолошки е германски проблем.

„Сите мигранти сакаат во Германија бидејќи сакаат германски живот“, истакна Орбан. Тој потенцира дека во Унијата не доаѓаат бегалци туку економски мигранти.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.