Општината Центар сеуште нема да ја урива терасата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

12.06.2018 | 17:26
Прочитано: 1174

Спорната тераса на шесткатната барокна  зградата на ВМРО-ДПМНЕ, музеите и спомениците кои се дел од проектот Скопје 2014, се суште дел од истригите на институциите и обвинителствата, бидејќи тоа што е направено за единаесет години не може за само неколку месеци да се расчисти, посочи градончалникот на општина Центар Саша Богдановиќ.

Оштина Центар пред една година утврди дека терасата на зградата на ВМРО-ДПМНЕ е диво градаба, а градоначалникот, тогаш најави дека ќе побара кривична одговорност од тие кои што дозволиле да се гради потенцирајќи дека се што е незаконско изградено ќе биде отстрането. Но, бидејќи се работи за големи премети за кои процесот е во тек, тој потенцираше дека во мигот оштината не може да делува.

„Чемае дса завршат истрагите. Знам дека јавноста очекува, но станува збор за големи процеси и тоа се работи кои се случувале со години и ние не може да ги решиме за кратко време“ - изјави Богдановиќ.
 
Од проектот Скопје 2014 засега отстранет е само споменикот на Ќосето кој се наоѓаше пред Врховниот суд, а на негово место беше засадено дрво на човекови права. Инаку, Работната група формирана за проектот Скопје 2014 утврди низа неправилности при добивање на градежните дозволи.


Јасмина Спасовска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.