Општина Сопиште ја потврди одлуката на Советот за споменикот на Ќосето

14.03.2018 | 18:35
Прочитано: 1339

Со 5 гласа за и 5 против, советниците во општина Сопиште одлучија да не ја прегласуваат одлуката за поставување на споменикот на Андон Јанев Лазев - Ќосето во Сопиште. Седницата помина во тензична атмосфера и меѓусебни обвинувања помеѓу советниците, а дел од нив ја напуштија седницата.

Барањето да се прегласа одлуката беше на предлог на советникот од Алијанса за Албанците Орхан Гафури, кој на минатата седница гласаше за поставување на споменикот во Сопиште, а потоа се правдаше дека се збунил. Гафури денеска побара поединечно гласање од советниците, со цел како што рече да нема манипулации во јавноста. Неговиот колега од ДПА пак, најави бојкот на работата на советот.

„Пред да се стави на гласање ида биде гласање со бадентер и поединнечно за да нема дилеми кој гласал.“ - вели Орхан Гафури - Алијанса за Албанците.

„Ќе го бојкотирам советот на општината зошто тука има манипулација.“ - вели Бајрам Бајрами – ДПА.

За претседателот на советот пак, одлуката од претходната седница била јасна. Вели дека сега ќе чекаат на градот и на судската разрешница за евентуално поставување на споменикот. Советниците од редовите на СДСМ пак децидни – Ќосето нема никаква поврзаност со Сопиште.

„Претходната одлука останува како валидна. Ние сме во преговори со здружението, но споменикот има судски спор и очекуваме да завршат нивните меѓусебни обврски и понатака да бидеме известени.“ - вели Јане Мицкоски – ВМРО-ДПМНЕ.

„Не смепротив, споменик или Ќосето. Ќосето нема никакво значење за општината од каде потекнува, да, за споменик ако општината има сретства, но за споменик кој има локално значење.“ - вели Сашо Стојановски – СДСМ.

Споменикот на Ќосето беше отстранет од пред зградата на врховниот суд ноќта на 22 и 23 февруари и префрлен во просториите на металскиот завод. За неговата судбина ќе се решава по судски пат, бидејќи здружението кое го донирало на градот, го нарачало, но не го исплатило на Рудници и Железарница, кое го лиело спомен-обележјето.


Јован Ѓорговски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.