Општина Карпош во долгови

16.04.2018 | 17:23
Прочитано: 1502

Стевчо Јакимовски како поранешен градоначалник на Карпош ја оставил општината во долг од 18 милиони евра. Извештајот на Дражавниот завод за ревизија покажал, дека покрај главниот долг, кој потекнува уште од 2012 година, општината должи и големи суми за адвокатски, нотарски и трошоци за извршители, па Карпош сега постојано се соочува со блокирана сметка. Ревизорскиот извештајот, кој сегашниот градоначалник Богоев го доставил и до јавното обвинителстви и до финансовата полиција, покажал дека Јакимовски подигнал кредит од 2,6 милиони евра, кој ненаменски го потрошил.

„Со овие дополнителни трошоци и обидот „да се купи“ време и да не се подмират обврските, само дополнително се оптоварувал Буџетот на Општината за камати и трошоци, и е постигнат ефект на нерационално трошење на средствата. Бараме одговорност што поскоро. Секое кривично дело, секоја законска повреда имаат свое име имо и презиме“, вели Стефан Богоев - градоначалник на општина Карпош

Двете општински бараки на Карпош се дивоградби, па општината сега треба да донесе одлука дали самата на себе ќе си издаде решение за уривање или ќе најде начин како да се легализира. Општина Карпош, вели Богоев, давала пари на спортски клубови без никаков потпишан договор, ниту пак барала извештај за начинот на кој биле потрошени парите.

Но Јакимовски го отврла сите обвинувања.

„Одговорно тврдам дека ниту еден денар не е потрошен ненаменски, ниту пак спротивно на законските прописи. Жално е што момчето што игра плејстејшн за време на работа, нема идеја и не знае што да прави и се обидуваат да ги  злоупотребуваат институциите во нивната приказна која што сакаат да ја „продаваат“ на граѓаните на Република Македонија. Јас не сум од вчера на функции и точно знам што сум правел и се е направено согласно законските прописи. Тоа се апсолутно лаги  и невистини“, вели Стефчо Јакимовски - поранешен градоначалник на општина Карпош  

Извештајот завршува со тоа што ревизорскиот тим не изразува мислење, што значи   финансиското работење на Општината е на најниско можно ниво, а сметката на основен Буџет не е во согласност со законска регулатива.


Ружица Фотиновска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.