Оперската дива Елена Мошуц ќе го отвори „Охридско лето“ 2018

11.07.2018 | 17:57
Прочитано: 439

Над 800 уметници од 27 земји од светот,осум претстави,34 концерти,три изложби нуди исклучително богатата програма на 58то ,,Охридско лето”.Реномираниот фестивал Ќе започне утревечер со настап на оперската дива од Романија Елена Мошуц а ќе заврши со претставата ,,Илијада” од Хомер на 20ти август.

И во деновите измеѓу на сцените во Антички, предворјето на црквата Света Софија, Долни Сарај и Центарот за култура посетителите ќе можат да уживаат во звуците на пијаното, во ритамот на шпанска и кубанска музика, во концерт на Синтезис и уште многу други интересни настани за сечиј вкус и возраст.

Оперската дива Мошуц и нејзините колеги Калин Братеску и Николае Молдовеано велат подготвени се за утрешниот спектакл како звезди на вечерта, а до тогаш уживаат во убавините на Охрид кој ги воодушевил при самото пристигнување.

Двајцата селектори музичкиот Васо Ристов и драмскиот Александар Попоски велат програмата е исклучителна, внимателно креирана и наменета за сечиј вкус. Очекувањата за успех се големи за што потврда дава и Директорката Сузана Вренцоска која потенцира дека се е подготвено за утрешниот спектакл но и  дека уште одсега интересот кај граѓаните за сите 40 фестивалски денови е значително голем.


Адријана Митевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.