ОКТА обвинува за увоз на нафта под македонските стандарди

17.05.2018 | 17:42
Прочитано: 1852

ОКТА обвинува дека во Македонија се увезува мазут од српската рафинерија во Панчево кој не е по македонските стандарди, а државата не го спречува тоа.

Мазутот го увезува кмбинатот Фени за сопствени потреби. Содржи таканаречена кинематичка вискозност над дозволените грацини, која не е штета за животната околина, но може да им наштети на машините. 

Од нафтената компанија тврдат дека за ова пред еден месец ги алармирале и царинската управа и пазарниот инспекторат, но ниту една институција не издала забрана за увоз.

Од пазарната инспекција велат дека немаат право да го сопрат увозот. Земале мости и ги чекаат резултатите. Доколку отстапуваат од стандардите, компанијата увозник ќе се соочи со казна од 5 до 10 илјади евра.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.