Околу 2000 маски од земјава и странство во струмичкиот карневал

18.02.2018 | 17:23
Прочитано: 2351

Разновидни маски, совршени креации и одлични музичко сценски настапи. Шаренило од бои преку рачно изработени костими блесна по струмичките улици пренесувајки многу пораки.

Околу 2000 маски продефилираа на големото дефиле кое траеше речиси четири часа. Учесниците од странство, струмичкиот карневал го именуваа како балксанскиот Рио.

Десетици илјади посетители го следеа каревалот кој и оваа година понуди раскош, убавина и доста креативни маски. Ги имаше од земјава но и од странство.

Струмичкиот карневал го потврди епитетот за најдобар зимски настан под маски не само на балканот туку и во Европа, кажаа организаторите.

 

 „Плоштадот е полн и она што го ветивме го исполнивме и понудивме на публиката и понудивме уште едно прекрасно издание на карневалот.“ - Александар Цицимов, ФЕКК Струмица.

„Посебно се воодушевувам на нашите локални маски коишто покажаа голема инвентивност и креативност.“ - Коста Јаневски – градоначалник.

 

Годинава струмичкиот карневал од свечената ложа го следеа и премиерот, Зоран Заев придржуван од вицепремиерот, Кочо Анѓушев заедно со министрите Спасовски, Тевдовски и Фазлиу.

 

 

 


Ване Трајков
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.