Околу 150.000 лица учествуваа на протестот на владејачката коалиција во Букурешт

10.06.2018 | 11:47
Прочитано: 755

Романската владејачка коалиција, предводена од Социјалдемократската партија, во Букурешт синоќа одржа протест против „злоупотребата во правниот систем“. 

Тоа е дел од обидите на владејачката коалиција да се избори со протестите на они кои тврдат дека романската Влада ги попречува антикорупциските процеси. 

 

Премиерката на Романија Вјорика Данцила и романски министри присуствуваа на протестот на кој, според проценката на полицијата, се собрале околу 150.000 лица. 

 

Како што јави МИА, лидерот на Социјалдемократската партија на Романија, Ливиј Драгнеа, кој се смета за најмоќната политичка фигура во земјата, чека пресуда за корупциски процес на 21 јуни. 

 

Драгнеа е осомничен дека формирал организирана криминална група и фалсификувал документи со цел да дојде до средства од Европската унија. 

Поради пресудата од 2016 година за местење на избори, Драгнеа не може да биде премиер на Романија.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.