ОЈО Велес ги истражува причините за пожарот во кој животот го загубија три деца

21.06.2018 | 19:16
Прочитано: 4044

Пеплосна куќа до темел, мирис на чад. Шок во Велес по трагедијата која однесе три  детски животи .

До доцна поладнето екипи  од истражители  на терен во велешко Вршник собираа докази за причините на огнената стихија која  вчера имаше кобен крај. Родителите на децата во изјава за нашата телевизија тврдат дека пожарот е подметнат.

Тие со часови беа на распит во полиција. Обвинителстото соопшти дека истрагата е во тек. Министерството за труд и социјална политика заедно со општина Велес најавија дека ќе го организираат погребот на децата.

 


Ивана Стојкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.