Охриѓани со помош за 19 годишниот Марко со аутизам

12.06.2018 | 17:34
Прочитано: 2116

На 19 годишниот Марко од Скопје конечно му се исполни желбата да го запознае Охрид. Веднаш по објавувањето на неговата животна сторија на тв 24 за долгогодишната борба со аутизмот и немаштијата, чичко Славчо Филипчев од Охрид и Црвениот крст први се јавија и понудија безрезервна помош и поддршка за ова семејство.

Најпрвин им испратија пакети со храна и хигиена, а од вчера па во наредните денови овозможика Марко и неговата мајка Сузана бесплатно да престојуваат во домот на хуманиот Славчо Филипчев и заедно да уживаат во убавините на Охрид.

„Секој човек има некакви мечти особено младите, децата кои не можат секогаш да ги остварат. Следејќи ја сторијата на 24 го видов случајот и решив да ги поканам во Охрид и му ја исполнам желбата да го види Охрид.“ - вели Славчо Филипчев.

„Тие постојано се во приддружба на наши волонтери кои ги шетаат низ градот.“ - вели Сашо Точков претседател на ОО Црвен крст Охрид.

Мајката Сузана вели Марко никогаш не бил поспокоен и посреќен. Благодарна е на хуманоста на Охриѓанецот Славчо кој веднаш по објавувањето на сторијата ги отвори вратите од својот дом, а Црвениот крст и хуманите граѓани овозможија желбата на ова момче конечно да биде остварена и барем за одреден период да бидат снабдени со храна.

„Марко е спокоен и мирен и е среќен.“ - вели Сузана Петерли мајка на Марко.

Инаку Семејството Петерли од Скопје живее со 6000 денари месечно кое не стигнуваат само за лекувањето на Марко. И во иднинс ќе имаат потреба од помош. Не бараат пари, само храна и средства за хигиена за да можат полесно да го поминат месецот.


Адријана Митевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.