Охрид атрактивен само во зимска и летна сезона

23.01.2018 | 20:38
Прочитано: 4326

Охрид и понатаму останува најпосетуван туристички центар во земјава, но само во две сезони. Проблемот кој со години се наметнува,  со што и како да се продолжи сезоната и да се задржат туристите преку целата година на охридската ривиера повторно е ставен на разгледување. Туристичките работници сметаат дека за успех неминовно е креирање привлечна туристичка понуда, која пак подразбира пристапни цени за ноќевања, добра патна инфраструктура и програмска шема со интересни содржини.

„Прашањето е дали ние добро го менаџираме тоа што сакаме да го понудиме, дали се се случува во две сезони или во 12 месеци“, вели Елена Иванова, Сектор Туризам- Swisscontact.

„Охрид има голем број празни, непополнети сместувачки капацитети, а со оглед на тоа дека има многу одлична пристапност на аеродромот, патиштата, наскоро ќе се заврши и автопатот,  тука лежи еден извор за продолжување на сезоната“, вели Албион Идризи, IATA обучувач во туристичка индустрија.

Продажбата на собите е една од клучните прашања за добро менаџирање на хотелиерството и угостителството кои пак се пресудни за успешен туризам.

„Ако во некоја соба не сме доволно атрактивни, можеме да понудиме содржина со која ќе станеме атрактивни. Се додека сме јасни, со јасна визија, која целна група сакаме да ја привлечеме“, вели Иванова.      

Оваа зимска сезона се впишува во една од најуспешните според статистиките на посетеност и продадени хотелски соби, што е најава за уште подобра летна сезона но и пад во бројот на туристи во месеците кои следуваат.


Адријана Митевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.