Одложено судското рочиште за „Труст“

13.02.2018 | 12:04
Прочитано: 462

Денешното рочиште од судскиот процес за случајот „Труст“, во кој првообвинет е бизнисменот Сеад Кочан се одложи, бидејќи во Кривичниот суд не се појави адвокатката Сања Алексиќ, која го брани второобвинетиот Василије Авировиќ.

Причина за денешното отсуство е тоа што адвокатката се разболела, а за тоа ја известила и судијката, која следното рочиште го закажа за 20 февруари.

Инаку, судењето за случајот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство е во завршна фаза, односно одбраната треба да ги презентира своите докази, по што се очекуваат завршните зборови и пресудата.

Во овој предмет покрај Кочан, Авировиќ и Сафет Ватиќ обвинети се и фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“. Тие се товарат дека со фалсификувани документи добиле тендер на Електрани на Македонија вреден 17 милиони евра.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.