Одложено судењето за дедото на Тамара, предметот е во Апелација

14.02.2018 | 10:42
Прочитано: 846

Судењето за дедото на Тамара, Љупчо Стојановски кој се товари за обид за убиство на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров денеска беше одложено. Како што соопшти судијката Софија Лаличиќ предметот се наоѓа во Апелациониот суд поради жалба на одбраната на притворот на обвинетиот.

Судијката го прочита одговорот од  Министерството за правда во однос на оспореното вештачење поради истечена лиценца на вештаците. Во одговор министерот  навел дека не е важно кога вештаците побарале продолжување на лиценцата, бидејќи важноста на лиценцата тече откако министерот ќе ја потпише.

Од документацијата на Министерството за правда произлегува дека во периодот кога вештаците ја вештачење психичката состојба на обвинетиот немале активна лиценца. Следното рочиште беше закажано за идната среда. На судење до присуствуваше и поранешниот министер Тодоров како и двајцата сведоци припадници на неговото обезбедување.

Инаку, Стојановски на 1 јуни минатата година пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, откако почина неговата внука Тамара чекајќи операција во странство. Тој е обвинет за обид за убиство и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Стојановски поради постоење опасност од бегство и опасност од повторување на кривичното дело се наоѓа во притвор.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.