Одложено судењето за дедото на Тамара

12.03.2018 | 17:32
Прочитано: 1752

Судницата во Кривичен во која се одржуваат рочиштата за Љупчо Стојановски, дедото на почината Тамара, повторно остана празна. На денешното судење, не  се појавија ниту обвинетиот Стојановски кој се товари за обид за убиство на  екс министерот за здравство Никола Тодоров, ниту Тодоров.

Судењето не почна, бидејќи се уште се чека на изготвување на ново вештачење за психичката состојба на обвинетиот која треба да покаже дали во моментот кога тој  пукал во Тодоров, бил пресметлив.

Ова не е прв пат да се одложи судењето за овој предмет. На првото рочиште  во декември, лани  одбраната   го оспори вештачењето на обвинителството бидејќи во периодот кога вештаците го вршеле вештачењето, имале истечени лиценци. По ова, судот му наложи на обвинителството да изготви ново вештачење, за кое се уште се чека. Обвинителството тогаш ја оспори одлуката на судијката Софија Лаличиќ пред апелација.  Апелациониот суд, пак ја прифатил жалбата на обвинителството и донесе одлука Кривичен повторно да одлучува по предлогот на одбраната.
 
Одбраната побара  и изземање на судијката Лаличиќ по предметот, бидејќи беше вклучена во преслушкуваните разговори со  поранечниот директот на УБК Сашо Мијалков. Адвокатката се сомневаше во нејзината непристрасност бидејќи Мијалков беше дел Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ во кој членува и  оштетениот Тодоров.

Стојановски кој повеќе од половина година е во притвор, се товари за  за обид за убиство и недозволено изработување, држење и тргување со оружје. Тој минатата година, со пиштол пукаше во Тодоров, поради гнев кон него. Бидејќи додека беше министер, малата Тамара почина, чекајќи операција во странство.


Елена Милошевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.