Одложено рочиште, пет обвинети за случајот со смртта на Тамара не дојдоа на судење

12.06.2018 | 12:08
Прочитано: 1752

Безмалку половина, поточно петмина од дванаесетмината обвинети за несовесно работење во службата, односно за неупатување на малата Тамара Димовска на лекување во странство, денеска не се појавија на стартот на судскиот процес.

Меѓу оние кои не се појавија беше и поранешната директорка на Детската клиника, Аспазија Софијанова, но на судење не дојде и поранешната директорка на ФЗОМ, Маја Парнаџиева - Змејкова.

Правниот застапник на семејството Димовски, адвокат Тодор Тодоров изрази задоволство што случајот на малата Тамара доби свој судски епилог.

„Во секој случај сметам дека овој предмет треба да се заврши така што треба одговорност да понесат надлежните служби при Министерството за здравство и ФЗОМ затоа што очигледно е дека овде има пропусти. Во конкретниот случај затаени се службите, овој предмет треба да биде пример како не треба да функционира здравствениот систем во Р.М. “ - изјави адвокат Тодоров.

На денешното прво судско рочиште во судницата на судија Марин Станевски не се појавија ниту родителите на малата Тамара Димовска, која почина на 9 февруари 2015 година.

Судењето е презакажано за 4 јули.


Љубиша Станковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.