Од денеска нема плаќање во готово за суми над 120.000 денари

07.07.2018 | 12:02
Прочитано: 5161

 

Од денеска е забрането плаќање во готово за стоки и услуги во износ над 2.000 евра во денарска противвредност, согласно најновите измени на законот за спречување перење пари и финансирање тероризам.

Претходниот праг за плаќање во готовина беше 15.000 евра. Од 1 јануари следната година износот за плаќање во готово ќе се намали на 1.000 евра, а од 1 јуни идната година тој износ ќе се намали на 500 евра во денарска противвредност.

Забраната важи за плаќањата на физичките и на правните лица. Примената на оваа законска забрана, која се прави за да се намали сивата економија во земјата, ќе ја контролира управата за јавни приходи.

 

 

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.