Од авион испаднале три тони злато на писта во Русија

15.03.2018 | 13:57
Прочитано: 2171

Повеќе од три тони злато испаднаа од руски товарен авион „Ан-12" при самото полетување, кога една врата случајно се отворила.

Во авионот имало околу девет тони злато, од кои една третина биле расфрлени по пистата. Тоа се случило на аеродромот во Јакутск, и притоа, никој од екипажот не е повреден, соопштуваат руските власти.

Како што пренесува ТАСС, досега се пронајдени 172 златни прачки со вкупна маса од 3,4 тони.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.