Очекувана победа на Владимир Путин

19.03.2018 | 20:23
Прочитано: 847

Со големо мнозинство гласови Владимир Путин е реизбран за претседател на Русија. Toj освои 76 проценти од гласовите и ќе остане на функцијата и во следните шест години. Путин им се заблагодари на сите оние кои гласаа за него, велејќи дека во тоа гледа доверба од граѓаните и ги повика да го задржат единството.

„Гледам во ова минимум признание за она што го направив претходната година во сложени услови. Гледам во ова доверба и надеж дека ќе продолжиме да работиме интензивно и одговорно“ - Владимир Путин – претседател на Русија

Рускиот претседател Владимир Путин порача и дека сака да има конструктивен дијалог со сите меѓународните партнери и посочи дека планира намалување на трошците наменети за армијата.

На второ место се најде Павел Груднин, кандидат на Комунистичката партија со освоени 11,82 отсто гласови, а лидерот на Либерално демократската партија Владимир Жириновски е на трето место со 5,68 отсто освоени гласови. Главниот опозиционер, Алексеј Навални доби забрана да учествува на изборите судскиот процес кој заврши со обвинителна пресуда. Според централната изборна комисија, на изборите излегле 67,4 проценти од гласачите.
 
Голем дел од  жителите на русија сметаат дека токму Путин ње одговорен за стабилноста на земјата после хаосот кој настанал по распадот на советскиот сојуз....

„Состојбата во светот е нестабилна. Од сите луѓе кои учествуваа во оваа кампања само еден може да направи промена а тоа е Владимир Путин.  Постојат закани од сите страни и само тој може да се справи со ситуацијата.“

Од Организацијата за безбедност и соработка во Европа денеска соопштија дека во русија не се оддржале вистински избори. Од таму велат и дека за време на гласањето биле забележани притисоци и закани врз сите оние ки биле критички настроени кон власта.

„Избор без вистинска конкуренција, која овде ја видовме, не е вистински избор. Набљудувачите забележаа повеќи видови мерки, вклучително и несоодветен притисок врз граѓаните да излезат на гласање“ се посочува во соопштението на ОБСЕ.

Еден од првите кои му честиташе на Путин беше и Францускиот претседател Емануел Макрон кој му посака успех во модернизацијата на државата. Покрај него, поддршка му дадоа и претседателите на Германија и Кина, Франк Валтер Штајнмаер и Си Џинпинг а портпаролот на германската канцеларка најави и дека наскоро истото ќе го направи и Ангела Меркел.


Стојанчo Мицевски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.