Обвинителството не открива дали ќе има преквалификација на делото во случајот со малиот Алмир

14.03.2018 | 17:42
Прочитано: 822

Јавното обвинителство не открива дали ќе има преквалификација на делото од „убиство со умисла“ во  „сообраќајна несреќа со смртни последици“ во врска со случајот со малиот Алмир Алиу од Куманово.

На денешната средба со новинарите  од обвинителствтото само потврдија дека се подготвуваат завршните зборови, кои ќе бидат соопштени утре пред судот во Куманово. Исто така на средбата беше претставен и заклучокот од невро-психијатриското вештачење на првообвинетиот Бобан Илиќ.

„Првообвинетиот Бобан Илиќ делото  го сторил во афект поради страв, но во моментот кога го неговите постапки биле рационални.“ - велат од ОЈО.

Од обвинителството изразија жалење поради смртта на малиот Алмир. Велат дека по овој предмет и и по сите други постапуваат исклучиво со факти. Во однос на новинарското прашање, зошто наместо да се конфискува „мерцедесот“ со кој бил прегазен малиот Алмир, бил вратен на семејствотот, од обвинителствотот објаснија дека законот не го дозволува тоа.

„Според законот автомобилот  не може да биде предмет на одземање, бидејќи не станува збор за оружје со кое е извршено убиство.“ - велат од ОЈО.

Во пресрет на можната преквалификација, граѓани денеска пред Собранието, Јавното Обвинителство и Министерството за правда поставија импровизиран гроб на Алмир, за да ги потсетат пратениците, Владата и Министерството, за што, како што рекоа, законската неправда во овој случај.
Претходно, граѓаните кои протестираа за правда за Алмир, го обвинија јавниот обвинител Љубомир Јовески дека лажел пред Собранието дека преквалификацијата на делото од „убиство“ во „сообрќајка со смртни последици“ го одобрил неговиот претходник Марко Зврлевски.

Актерот Висар Вишка го повика Јовески да го  објави документот, кој според него постои, за да се види дали навистина Зврлевски го потпишал преквалификувањето на предметот.


Елена Милошевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.