Обвинителството бара затворска казна за Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара

11.07.2018 | 17:46
Прочитано: 669

„Не сум имал намера да го убијам Никола Тодоров, ако сакав јас во Велес ќе го убиев, немаше да чекам 3 години“. Ова се последните зборови на дедото на Тамара, Љупчо Стојановски, пред  утрешното изрекување на пресудата.

Тој бара да биде ослободен, од обид за убиство врз Тодоров, дело за кое седум месеци е на обвинителна клупа.  Го носел пиштолот за да пука во воздух како предупредување да не се повтори неправдата на неговата внука, додека Тодоров му ја предавал фотелјата на Арбен Таравари.

Обвинителството не се откажува и бара затвор за 61 годишниот Стојановски. Смета дека се докажало оти на 6 јуни лани со пиштол во него и со умисла се качил во воз од Велес за Скопје. Прво се упатил кон домот на Тодоров, а откако не го нашол го начекал пред министерството и кон него испукал еден куршум, кој според обвинителството не завршил во неговата глава, оти рефлексно се наведнал.

Телоп- Обвинителство – Одбраната на Стојановски е конфузна, противречна сама на себе. Од една страна тврди дека тој дошол во Скопје за да оди на задушница кај роднини во Миладиновци, а од друга страна дека дошол за да го види примопредавањето во министерството. Кај него постоела упорност и решителност да го изврши кривичното дело.

Стојановски тврди дека најмногу го разочарало јавното ветување од Тодоров дека ќе ги покрие трошоците за лекување на Тамара во странство, а потоа не го сторил тоа. Откако починла неговата внука тој западнал во тешка депресија, која ја потврдува и психијатриското вештачење.  Веќе една година е во притвор, а на толкава казна беше осуден поради нелегалното поседување на оружје.

Девет годишната Тамара која се бореше со тежок деформитет на р'бетот  почина на 9 февруари 2015-та година.  Нејзината смрт беше симбол за неправда за која се бараше оставка од тогаш надлежниот министер Никола Тодоров. За несовесно работење во службата токму за овој случај сега имма судски процес од 12мина обвинети, меѓу кои не е екс министерот Тодоров.


Христина Беловска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.