Објавен идентитетот на бомбашот од Тексас

21.03.2018 | 18:26
Прочитано: 1439

Американските медиуми го објавија идентитетот на осомничениот бомбаш кој постави неколку експлозивни направи во Остин.

Марк Ентони Кондит загина откако активира направа кога полицајците му се приближија за време на потера северно од главниот град на Тексас.

Кондит (23) живеел во Остин и се претпоставува дека поставил бомби на неколку локации во градот. Тој живеел со цимери, кои се на сослушување во полиција.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека бомбашките напади се „дело на болен човек“. Од почетокот на март беа активирани пет бомби, при што едно лице загина, а повеќемина беа повредени.

Полицијата го истражува мотивот за нападите, додека медиумите наведуваат дека бомбашот на интернет изнесувал радикално десничарски ставови.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.