Новогодишен концерт на Танец

25.12.2012 | 08:28
Прочитано: 1265
Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ вечерва во Македонската опера и балет ќе одржи новогодишен концерт.
 
Концертот во Скопје следува по низата настапи на реномирани светски фестивали како оние во Катар, Турција, Словачка, Украина и Полска.
 
„Танец“ е формиран во 1949 година со указ на Владата на Република Македонија. Шест децении е амбасадор и презентер на македонското фолклорно творештво кај нас и на сите континенти. Првото претставување надвор од Македонија го има во 1950 година на Меѓународниот фестивал во Ланголен, Англија каде ја освојува првата награда. 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.