Ново светско чудо во Кина: Мост долг 55 километри

04.01.2018 | 12:10
Прочитано: 3435

Изградбата на најдолгиот мост на светот се одвива според планот и таа е при крај, откако беше инсталиран и тестиран системот за осветлување, соопштија кинеските власти.

Беше потребна шестгодишна подготовка и осум години за самата изградба на 55 километри долгиот мост што ќе ги поврзува Хонг Конг, Чухаи и Макао. Трасата се состои од главниот мост долг 22,9 километри, тунел од 6,7 километри и вештачки остров - најзначајниот дел од целокупната конструкција.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.