Новиот закон за јавни набавки ќе ја подобри транспарентноста и ќе го унапреди квалитетот на набавките

22.02.2018 | 14:12
Прочитано: 1501

Новиот закон за јавни набавки ќе го подобри квалитетот на набавките, ќе ја зајакне транспарентноста и контролата на постапките, а во исто време ќе ги направи поедноставни и полесни за имплементација.

Бизнис заедницата, денеска на јавна дебата која се одржа во струга, го поздрави новиот закон за јавни набавки во кој се вградени најголем дел од нивните забелешки. Во наредниот период јавна расправа за законот ќе се организира и во Штип, а истиот  треба да биде усвоен од Собранието до октомври годинава, а да почне да се применува од јануари догодина.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.