Новинарите жртви на напади, за четири години регистрирани 55 насилства

14.03.2018 | 18:14
Прочитано: 959

Во Македонија изминатите 4 години регистрирани биле над 55 напади а додека само лани се случиле 18 напади врз новинари од кои најголем дел се физички напади и закани по животот на новинарите. За овие 55 напади се уште нема финална судска разрешница, а само 5 се пред надлежните судови а 10 биле во целост истражени од страна на МВР. Ова беше констатирано на денешната тркалезна маса организирана од страна на граѓанското здружение Цивил.

Како еден од најексплицитните напади врз новинарите беше посочен 27 Април кога се случи упшадот во Собранието а кога настрадале околу 22 новинари од кои 2 завршиле со посериозни телесни повреди а за кои органите на прогонот се уште го истражуват овој случај. Драган Секуловски од ЗНМ вели дека напад врз новинар е напад на демократијата во една земја а со самото тоа се врши и цензура врз работата на новинарите.

„Во случајот каде беа претепани новинари и каде на двајца од нив им беа униптени матерјалите за работа. Организте за прогон уште го истражуваат случајот. Кога станува збор за висок функционер, правдата се задоволува многу брзо, а за новинарите е спора или никогаш да не дојде.“ - вели Драган Секуловски - извршниот директор на Здружението на новинари на Македонија.

Стотина новинари, активисти и граѓани пред 2 дена протестираа пред Владата поради заканите против претседателот на ЗНМ, Насер Селмани упатени од високиот функционер на ДУИ, Бекир Асани. На протестот пред Владата беа и поранешните новинари сега дел од извршната власт кои во јавноста предизвикаа бура од рекации отварајќи го прашањето дали со оваа постапка Владата се обидува да се стави во улога на релативизатор. Новинарот Зоран Фидановски вели дека добро е тоа што претставници на Владата излегоа на протестот – но тоа што не било коректно од нивна страна е што не ги излушнале сите пораки на новинарите, па за да излезат со свој став дека формално го осудуваат насилството.

„Суштинско осудување на насилство е кога институциите ќе  реагираат и ќе ги сосечат сите појави на насилство, закани, заплашување на новинарите, на цензура којашто уставно е забранета и сите други работи кои значатнебезбедно опкружување во работата на новинарите“ - вели Зоран Фидановски – новинар.

Американскиот амбасадор Џес Бејли пак денеска изјави дека го осудува актот на насилство и закани врз новинари, во една демократија нема место за вакви нешта, кои ја попречуваат борбата за слобода на изразување и слободата на медиумите. Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници денеска пак изрази најостра осуда директните закани кон новинарката Снежана Лупевска Созен и телевизија Телма  искажани вчера за време на интервјуто на „Топ тема“. Од таму велат дека користењето тужби како закана и притисок врз новинарите и медиумите во кои тие работат е постојано посочувано како проблем од страна на новинарската заедница, а сега јавноста имаше можност во живо да се увери на каков третман се изложени новинарските екипи кога истражуваат случаи во кои се инволвирани лица кои се доживуваат, а и де факто имаат третман на моќници.

 


Сунаи Сабриоски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.