Новинарите на протести поради заканите и навредите упатени кон претседателот на ЗНМ

12.03.2018 | 17:06
Прочитано: 1427

Стотина новинари, активисти и граѓани се одзваа на повикот на самостојниот синдикат на новинарите „Сите копилиња пред Владата“ од каде побараа институциите да постапат по заканите и навредите против претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, упатени од високиот функционер на ДУИ, Бекир Асани.

„Копилињата нема да стивнат“, „Долга е раката на Пајакот“, „Дојде живот за пајаците“ беа само дел од паролите на новинарите, но пораката беше една – заштита за Селмани и новинарите и казна за насилниците.

„Нападот по Насер е напад врз сите новинари. Бараме да се обезбеди полициска заштита, зошто станува збор за закана од лице кои има минат труд за насилство врз новинари.“ - изјави Тамара Чаусидис, претседател на ССНМ.

„Не е време влада да пишува осуди и да повикува дека ги осудуваат насилствата, тоа не е доволно. Владата има обврска да ги замолчи насилниците. Инаку ќе станат  дел од таа приказна. На насилниците да им порачам дека не им се плашан.“ - изјави Насер Селмани, претседател на ЗНМ.

На протестот пред Владата беа и поранешните новинари сега дел од извршната власт Роберт Поповски, министер без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Миле Бошњаковски, портпаролот на Владата како и портпаролот на Министерството за култура Петрит Сарачини. Владата има нула толеранција за притисоците врз новинарите, но адресата за расчистување на заканите е обвинителството, рече Поповски. Но, на протестото, откако е појавија и владините претавници следуваше и жестока расправа со присутните нивинари.

„Очигледно не правите доволно тој човек да се смири, затоа ви кажувам да ги врзете кучињата, тие се дел од вашата коалиција.“ - изјави Селмани.

„Насилствата мора да престанат и сум убеден сум дека ќе се направи се да претстанат ваквите појави.“ - изјави Поповски.

„Не претставувам никого освен себеси и што се однесува до заканите до новинарите, сметам дека такви состојби се неприфатливи за едно демократско општетство. Секој кој се заканува на новинари, треба да се соочи со правдата.“ - изјави Петрит Сарачини, портпарол на министерство за култура.

Случајот Асани веќе две недели ја бранува јавноста откако при обид полицијата и пајак службата да го отстранат неговиот непрописно паркиран автомобил тој вербално ја нападна полицајката Јасмина Јаначковска, а остана неизвесно дали тој и физички ја нападнал или таа сама се удрила од пајак-возилото, како што беше наведено во соопштението на МВР по средбата со министерот Спасовски.

Селмани пак покрај од Бекир Асани закани добивал и од неговиот брат. Случајот е пријавен во полиција, а како што потврди за Телевизија 24 јавниот обвинител Љубомир Јовески, обвинителството добило известување од СВР Скопје и предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител кој презема дејствија за утврдување на фактите и околностите.


Марија Севриева
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.