Новинарите ги тепаат, никој не одговара

16.02.2018 | 10:21
Прочитано: 1692

Тепани, прогонувани, повикувани на јавен линч. Вака работеле новинарите во измината година. Ова се заклучоците во извештајот на здружението на новинари на Македонија во врска со слободата на медиумите и безбедноста на новинарите во земјата во 2017 година. Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани истакна дека лошата состоја во која се наоѓаат новинарите е резултат на негрижата и лошата политика на мината влада. Неказнети останале поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ кои напаѓале новинари во нивните домови и на јавни места.

„Регистриравме вкупно 18 нови напади на новинари од кои 13 физички и вербални напади, а останатите се навреди, попречување во работата и уништување на имотот на новинарите. Најбрутален напад врз новинари беше извршен вчера на 27 април. Без пријава за говор на омраза помина и поранешниот уметнички директор на Македонскиот народен театар, Тони Михајловски кој преку Фејсбук упати смртни закани на новинарот Бранко Тричковски“, изјави Насер Селмани-претседател на ЗНМ.

Во студијата на ЗНМ детално биле анализирани законската рамка поврзана со слободата на говорот, социоекономската положба и безбедноста на новинарите. Анализите покажуваат дека новинарите работат во лоши услови, за мали пари, а многу од нив немаат ниту договор за работа. Сепак подобрување има од страна на полицијата, бидејќи навремено ги идентификува напаѓачите.

„Четириесет и пет отсто од новинарите имаат помали плати од македонскиот просек, а на мнозинството им доцнат платите“, вели Селмани.

Селмани истакна дека соработуваат со институциите и ги „потсетуваат“ професионално да ги извршуваат своите задачи, односно до крај да ги гонат и казнат насилниците кои навредуваат и напаѓаат новинари. Во така насока ЗНМ потпиша и меморандум со МВР, а неделава Селмани треба да се сретне и со новиот јавен обвинител.

Според годишниот извештај на „Фридом хаус“ за 2017 година, медиумите во Македонија не се слободни,а според индексот за слобода на медиумите на „Репортери без граници“, земјата се наоѓа на 111 место, од вкупно 180 држави.

This publication has been produced within the partnership with Osservatorio Balcani e Caucaso for the European Centre for Press and Media Freedom (ECPMF), co-funded by the European Commission. The contents of this publication are the sole responsibility of media partner Mediapool.bg and can in no way be taken to reflect the views of the European Union.


Елена Милошевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.