Нови вработувања во државниот инспекторат за земјоделство

15.04.2018 | 17:22
Прочитано: 4239

Државниот инсепкторат за земјоделство на јавен оглас избера Агенција за привремени вработувања, преку која ќе ангажира нов кадар во инспекторатот. Тендерот со вредност од над 16 илјади евра е во тек, а при изборот пресудна ќе биде најниската понудена цена.

Од Државниот инспекторат за земјоделство во изјава за ТВ 24 велат дека преку Агенцијата што ќе ја изберат ќе ангажираат вработениза период од една година, но не откриваат на кои позиции.

„Ќе бидат ангажирани три лица, но работните позиции ќе ги утврдиме по изборот на агенцијата. Овој кадар ни е повеќе од потребен бидејќи повеќе од две години Министерство за финасии немаше дадено ниту едно нова согласност за вработување во инспекторатот.“

Инаку неодамна Министертсвото за финасии иако одобрило 7 редовни вработувања, сепак раководтсвото на инспекторатот одлучило да не ги спроведе се додека не се заврши систематизацијата која е во тек. Овие вработувања биле одобрени за местата од кои вработени заминале во пензија, починале или го напуштиле инспекторатот.

Во оваа институција, со последниот план на владата е прераспределен и еден од рамковно вработените, кои со години земаа плата, а не одеа на работа.


Ирена Смиљанска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.