Нови докази ќе донесат промени во случајот „Монструм“

16.05.2018 | 20:35
Прочитано: 3325

Нови докази во случајот Монструм најавува Специјалното обвинителство. Ќе има измени од фактичка и персонална природа, вели Фатиме Фетаи. Што значат најавените промени засега не се открива. Обвинителите од СЈО ги читаа старите обвиненија за тероризам, но  ниту еднаш прашањата не ги поврзаа со големиот верски празник Велики Четврток, кој се поклопи со Смилковскиот масакр вo 2012-та година.

„Заради сериозноста на предметот мораме да бидеме трпеливи. Важно е тоа што предметот почнува од ново и секој доказ ќе биде предмет на  темелна анализа, а потоа ќе се изведуваат нови докази“, вели  Фатиме Фетаи

Обвинетиот Фејзи Азири потврди дека комуницирал со функционери од ДУИ.  Но, не поради случајот Монструм. На средба со Али Ахмети  вели разговарале за партијата.  По петкратното убиство се слушнал и со Невзат Бејта, Изет Меџити, зборувале за субвенции а искомуницирал и со пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири.

 Обвинетите кои се во земјава комуницирале со оние кои избегаа во Косово и кои Интерпол ги бара веќе шест години. Африм Исмаиловиќ се уште е таму, во Приштина, а косовската полиција му ја знае адресата, вели обвинетиот и негов брат Агим.

„Сигурно дека ќе се вратат, но нека се развие постапката. Ние сме на чекор до докажување дека овие лица кои беа обвинети не можеле ниту физички да бидат на лице местото “, вели Насер Рауфи- за косоварите

Побрза постапка сега очекуваат и семејствата на убиените момчиња.

„Сегашната одбрана е дадена на поинаков начин од претходната. Сметам дека судењето сега ќе оди побрзо, затоа што се определени датуми за судење“, вели Дафинка Иван овска -адвокат на семејствата

Исмаиловиќ и Азири и денеска не признаа вина за тероризам.  Освен што раскажуваа во детали што правеле на 12 април, СЈО бараше одговори од Азири и за 26ти април истата година, поради обвинението дека тој бил логистика за  бегството на Демири и Исмаиловиќ во Косово.

Фејзи Азири во детали објаснуваше и за вооружената пресметка во неговата фарма во Белимбегово од 2009-та, но и за уште една кавга со концесионер на земјиште кај Смилковци. Неговата парцела од 30 хектари  се наоѓала близу местото каде беа убиени децата, а со новите сопственици се скарале околу утврдување на границите на парцелите, вели Азири.


Христина Беловска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.