Новата германска влада силно ја поддржува ЕУ перспективата на Западен Балкан

08.02.2018 | 09:36
Прочитано: 786

Новата германска влада силно ја поддржува европската перспектива на државите од Западен Балкан сметајќи дека политиката на проширување на ЕУ е важна за да се поттикне мирот, стабилноста и соработката.

Тоа се наведува во нацртот на коалициониот договор меѓу конзервативците и социјалдемократите, објави весникот „велт“, истакнувајќи дека се уште не е конечен  текстот на документот и дека деталите се уште се утврдуваат.

Во текстот се истакнува дека претпоставка за напредок во приближувањето е државите од регионот да ги исполнат предвидените критериуми.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.