Нова партија од соништата за Вестбрук, Портланд и натаму гази се пред себе

19.03.2018 | 11:55
Прочитано: 1017

Четири натпревари се одиграа ноќта меѓу недела и понеделник. Оклахома им ја прекина импресивната серија од 11 победи по ред на Торонто, славејќи на нивен терен со 132-125.

Нова незаборавна ноќ зад себе остави Расел Вестрбук, испишувајќи го петтиот трипл-дабл во низа, а 102-ри во кариерата. Рас во клучните моменти, во последниот квартал уфрли дури 17 поени. Мечот го заврши со 37, надополнети со 13 скока и 14 асистенции.

За Оклахома ова е петта победа по ред, останува четврта на Запад со скор 43/29. Торонто и натаму е лидер на Исток со 52 победи и 18 порази.

Портланд продолжува да гази. Не знаат за пораз веќе 13 натпревари по ред. Успешната серија ја продолжија и против Клипрес, триумфирајќи во Лос Анџелес со 122-109.

Лилард предводеше со 23, пред Мекалум и Херклес со по 21 поен. Клиперс го претрпе третиот пораз по ред, и покрај одличните Вилијамс со 30 и Харел со 24 поени. Портланд се трети на Запад со скор 44/26, а Клиперс десетти со 37/32.

Лидерот Хјустон, пак без проблеми го одржува врвот триумфирајќи кај Минесота со 129-120. Харден повторно маестрален со 34 поени и 12 асистенции.

Со 34 поени и 12 скока Ентони Дејвис го предводеше Њу Орлеанс до победа над Бостон со 108-89.


Слаѓан Ивковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.