Нова офазива во Виена, за решение на спорот со Грција

13.02.2018 | 17:31
Прочитано: 2067

Преговорите за името продолжуваат во најавениот забрзан ритам, за прв пат на ниво на министри за надворешни работи. Синоќа после ненајавено време и место во Виена разговараа министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Димитров и Коѕиас, а денеска шефовите на дипломатии разговараат и со медијаторот на ОН Метју Нимиц.

Дали двете страни веќе имаат поблиски ставови од јавно кажаните позиции на Скопје и Атина сеуште нема инфомации, ниту дали министрите разговараат за нацрт договорот кој го најави грчкиот министер Коѕиас. Инаку во Грција проблемот со името е прва тема во медиумите, па така градоначалникот на Солун, Бутарис стана мета на критики откако предложи да се размисли да се смени името на аеродромот во Солун, и наместо Македонија тој да го носи името на грчкиот кошаркар Никос Галис.

Изјава Јанис Бутарис, градоначалник на Солун - Не велам дека треба да се промени, но само јавно прашувам, да рзмислиме за тоа бидејќи името „Македонија“ „го подели светот, не подели нас“ и од тоа сите губиме. Исто така кога туристите слетуваат во Солун мислат дека доаѓаат во Скопје.

Портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос денеска го повтори ставот на грчката влада дека е потребна промена на уставот на Македонија за наоѓање на решение.

„Многу добро знаете дека едно заемно прифатливо решение, токму за да биде заемно, потребни се двајца. Говориме за сложено име, кое ќе важи за сите и ќе биде за севкупна употреба. Тоа значи дека не може да биде поинаку од промена на уставното име на соседот и ова сметаме дека е рамката во која би можело да се најде токму ова заемно прифатливо решение.“

За името коментираше денеска и бугарската шефица на дипломатијата Захариева која како што рече го поздрави напредокот во преговорите меѓу Скопје и Атина. Инаку шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Димитров и Коѕиас за два дена повторно ќе се видат во Софија на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на унијата и земјите кандидати.


Сеад Ризвановиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.