Нов почеток на судењето за предметот „Монструм“ со старо обвинение

12.02.2018 | 17:13
Прочитано: 1168

Пред нас имаме еден долг процес и како што се наведува во пресудата на Врховниот суд почнуваме одпочеток, вака судијата Огнен Ставрев го започна судењето за случајот „Монструм“.

Предметот за петкратното убиство кај Смилковското езеро стартува одново, но со променети околности – обвинетите Хаки Азири, Сами Љута и Агим Исмаиловиќ дојдоа во судот од слобода. И Фејзи Азири, кој има затворска казна за друго кривично дело, дојде од дома каде што е пуштен од затворот Штип на отпуст до 1 март.

Но, обвинителот Наум Пановски кој го добил предметот во оваа фаза од постапката наведе дека останува во целост на основниот обвинителен акт. Во детали ги прочита дејствијата кои обвинетите ги презеле со кои како што наведе го сториле делото тероризам. Во обвинението беше споменат и Сејди Рами како обвинет иако тој со правосилна пресуда е ослободен од вина но го немаше обвинението за Сами Љута. Поради тоа,  судењето беше одложено за 14 март. Дотогаш одбраната очекува и СЈО да се вклучи во процесот.

„Ние сметаме како одбрана дека СЈО ќе си се инволвира во овие кривични предмети, бидејќи постојат разговори  и надлежноста е на СЈО. Можеби тоа е причина што ЈО денес не го истакна второто обвинение.“ - вели Насер Рауфи, адвокат.

„Очекувам на второто рочиште дека ќе биде искористено и СЈО.“ - вели Бедри Ајдари, претставник на семејствата на обвинетите.

Судијата праша каде се останатите двајца обвинет Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се недостапни за органите на прогонот речиси шест години, одбраната рече дека нема информации. Надвор од судиницата пак појаснија дека и за нив важи укинувањето на доживотната казна затвор, но потерниците не им се симнати и затоа не се враќаат во земјава. На следното рочиште исказ треба да дадат обвинетите. Во судот беа присутни голем број на роднини на обвинетите кои одбраната ќе ги предложи и како сведоци. На судењето не беа семејствата на убиените Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Трчковски и Борче Стевковски.


Марија Севриева
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.