Нов оглас за проектот „Странски консултанти“
17.07.2017 | 17:46
Прочитано: 4033
Новата влада го продолжи проектот на претходната за ангажирање на странски експерти за домашни компании. Од владата соопштуваат дека проектот се покажал ефикасен и затоа се објавува третиот јавен повик за малите и средните компании кои сакаат да ја користат помошта.
Услугата досега ја искористиле 96 компании, а анкетите покажале дека 78 отсто од нив се задоволни од странските експерти, а дури 90 отсто повторно би учествувале во проектот.
Post new comment