Нов оддел за интензивно лекување на Клиниката за неврохирургија

21.09.2018 | 18:20
Прочитано: 1433

Во реновирани простории со нова апаратура и болнички кревети ќе се лекуваат пациентите на одделот за интензивна нега на клиниката за неврохирургија.

Реновирањето го зголеми и капацитетот на згрижување на пациенти. Одделот е зајакнат и кадровски со двајца специјализанти по анестезиологија и интензивно лекување, шест медицински сестри, а тимот и натаму ќе се проширува, вели директорот на клиниката. Со тоа, Д-р Рендевски очекува подобри услови и здравствени услуги за пациетните кои се лекуваат на оваа клиника.

„Во изминативе месеци направивме просторно проширување за околку 30 квадратни метри и комплетно архитектонско преуредување на одделот на медицинскиот персонал и опсервација на пациентите, како и останатите простории за складирање на лекови, медицински матерјал и тоалетна хартија.“ - вели Владимир Рендевски – Директор на Клиника за неврохирургија.

Хибридна сала, роботска хирургија, министерот за здравство од следната година најавува нови современи методи на лекување кои ќе им бидат достапни на македонските пациенти. Лекари ќе се едуцираат во странство, а ќе биде набавена и нова апаратура. 

„Тоа е прво хибридна сала која ќе има мобилен-подвижен ангиограф, нешто што го нема во земјите во регионот и роботот „Да Винчи“, за почеток на роботската хирургија. Предноста на оваа технологија е што мининално инванзивна, интервенцијата е кратка како и заздравувањето.“ - изјави Венко Филишче – Министер за здравство.

Одделот за интензивна нега на клиниката за неврохиругија е втор по големина во земјава, а згрижува околу 700 пациенти годишно.


Ивана Стојкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.