Нов модел на Самсунг Галакси

26.02.2018 | 14:34
Прочитано: 1536

Јужнокорејскиот гигант Самсунг денеска во Барселона го претстави својот нов смартфон Галакси С9, чиј дизајн останува главно непроменет, иако се направени подобрувања, како што е, на пример, пософистицираната камера.

Покрај старите опции за препознавање на ликот и водоотпорноста, најголемите предности на новиот модел се - подобри слики при слабо осветлување, видео режим што може да „забавува" брзоподвижни објекти, како што е тапата на шампањското.

Околу цената, се шпекулира дека С9 ќе чини 790 долари, а официјално во продажба ќе биде пуштен на 16 март.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.