Ноќеска во Скопје полицијата фати 232 лица кои возеле пијани

22.04.2018 | 17:32
Прочитано: 3531

Полицијата започна и  ќе продолжи со засилени сообраќајни контроли за да стави крај дивеењето на возачите по скопските улици. Ќе се лови пречекорување на дозволената брзина и непочитување на сообраќајните знаци  и пијани возачи, а за таа цел се набавени  нови 80 дрегери за проверка на алкохол. За да се зголеми безбедноста во сообраќајот  полицијата апелира  да се почитуваат правилата и прописите.

„Во текот на изминатата ноќ, односно во периодот од 23,00 до 05,00 часот беа извршени контроли на 1.101 возачи и кај 232 возачи е детектирано присуство на алкохол во крвта. Претходниот ден беа контролирани 1234 возачи, а кај 248 од нив беше утврдено присуство на алкохол“, вели Наталија Спирова – МВР.

И граѓаните со поддршка на ваквата акција на полицијата, велат дека е време да се стави крај на сообраќајниот хаос, во кој што секојдневно има голем број сообраќајни несреќи во кои има повредени и жртви.

„Треба да продолжи акцијата, возачите да не возат пијани и брзо“
„Да не се вози во алкохолизриана состојба и да има поредовни контроли“, велат граѓаните.

Пред само една недела во скопската населба Ново Лисице загина 41 годишен скопјанец  кој со мотор се судри со автомобил. Само неколку дена подоцна   10 годишно дете во населбата Ѓорче Петров  се здоби со тешки повреди откако беше прегазено од автомобил.

Жителите на општината два дена ги блокираа улиците и бараа од надлежните поставување на соодветна сообраќајна сигнализација и засилени контроли бидејќи тоа не бил прв таков случај во нивата населба.

Десетина дена претходно на истото место било прегазено  уште едно дете. Глобите за сообраќајни прекршоци се движат од   50 до 500 евра а за некој од нив следува и одземање на возачка дзвола на неколку месеци.


Сандра Бошковска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.